Свет

Земјотрес во Кина, еден загинат, 324 лица повредени

Земјотрес во Кина, еден загинат, 324 лица повредени

Во земјотресот со јачина од 6,4 степени соред Рихтеровата скала, кој го погоди југозападната кинеска провинција Јунан, едно лице го загубило животот, а 324 се повредени.

Епицентарот на земјотресот, кој се случил вчера, е на 163 километри северозападно од Јунџинјонг на длабочина од 10 километри.

Официјалната новинска агенција Синхуа, соопшти дека земјотресот се почувствувал и во Кунминг, престолнината на Јунан, како и неколку други градови во провинцијата.

Епицентарот е во планинскиот дел на Јунан во кој се оштетени голем број на куќи.

Државното радио соопшти дека загинале пет лица, а повеќе од 20 се повредени.

Повеќе од 1.000 спасувачи, вклучувајќи и војници, се наоѓаат на местото сместени во шатори нудејќи помош.