Земјотрес во Мексико

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала денеска беше регистриран во јужниот дел на Мексико.

Се уште нема информација за евентуални жртви и причинета материјална штета на тихоокеанскиот брег во мексиканската држава Чиапа.

Мексиканскиот сеизмолошки институт соопшти дека потресот е регистриран на околу 123 километри јужно од Сиудад Идалга, град на границата со Гватемала.