Земјотрес во Пакистан однесе две жртви, а 50 лица се повредени

Најмалку две лица настрадале, а 50 биле повредени во земјотресот кој денеска го погоди јужниот дел на Пакистан.

Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени, а десетици куќи биле оштетени. Во Пакистан се чести земјотресите.
Во септември 2013-та, во земјотресот во Пакистан со јачина од 7,7 степени, настрадаа 376 луѓе, а околу 100 илјади останаа без своите домови.