Земјотрес во Шпанија

Земјотрес со интензитет од пет степени ја потресе денеска Шпанија, соопшти американскиот Геофизички институт.

Според шпанските сеизмолози, потресот бил со интензитет од 5,2 степени.

Потресот бил со епицентар во близина на градот Оса де Монтиел, на 170 километри јужно од Мадрид и на длабочина од 15 километри.