Земјотрес во Турција

Регистриран земјотрес во Турција – потресот кој бил со јачина од 5,2 степени според Рихтер го погоди јужниот дел на земјата.

Засега нема информации за жртви или причинета материјална штета.

Многумина од жителите ја поминале ноќта на отворено, а потресот бил регистриран крај брегот на округот Мерсин.  Епицентарот на земјотресот бил во Мерсинскиот Залив.

Исто така овој земјотрес во Турција бил почувувствуван во окрузите Адана, Мерсин и Газиантеп.

Земјотрес со иста јачина минатата недела во Грција

5,2 степени според Рихтеровата скала е јачината на денешниот земјотрес во Грција. Земјотресот бил регистриран крај грчкиот остров Кос во Егејското море.

Епицентарот на подземните потреси се наоѓал на 16 километри југозападно од градот Кефалос. Жариштето на земјотресот било на длабочина од 142 километри.

Нема информации за евентуални настрадани лица или причинета материјална штета.

Истиот ден земјотрес и во Турција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран синоќа во источниот турски округ Ван.

Епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од градот Ван во регионот на селото Молакасам, пренесува МИА.

Земјотресот е регистриран во еден часот по полноќ, а се случил на длабочина од пет километри. Неколку минути по него следувал вторичен потрес со интензитет од 3,2 степени.

Нема информации за евентуални ранети или за причинета материјална штета.

 

 

Грција и Турција важат за подрачја каде често се регистрирани земјотреси.