Земјотреси ги вознемирија жителите во Дебарско

Три посилни и уште најмалку два помали потреси утрово ги вознемирија жителите од дебарскиот регион. Првиот земјотрес беше почувствуван во три минути до четири часот, вториот во 4:14, а третиот во пет минути до седум часот.

Според албанските медиуми, епицентарот на еден од земјотресите (со јачина од 3,2 рихтерови степени) бил осум километри од рударското албанско гратче Булќиза кое се наоѓа на десеттна километри од Дебар, додека на другиот  со јачина од 3,8 степени бил 52 километра југоисточно од Тирана.