Земјотресите до 5,6 степени се силни, но не и разурнувачки

По земјотресот од 26 јули 1963, денеска Скопје најсилно го стресе во последните 110 години.

По двата утрински земјотреса со јачина од 2,9 односно 3,8 степени според Рихтер, неколку минути после 15 часот земјотрес со епицентар во Скопско на длабочина од 10 километри, го погоди главниот град со сила од 5,3 степени.

Граѓаните во паника ги напуштија домовите. Велат дека ваков страв одамна немаат почувствувано. Траеше кратко но ударот бил застрашувачки.

За разлика од 63-та кога земјотресот изнесувал 6,1 степен денеска удар беше послаб, но и пократк траеше. Експертите велат дека земјотресите до 5,6 се силни но не и разурнувачки.

Можело да предизвикаат многу мал број на жртви бидејќи предизвикуваат паѓање само на објектите кои се премногу стари или пак не се градени според стандарди. Големиот земјотрес пак кој се случил после поплава на Скопје во 1961 година, однел 1070 жртви.

Историски пак во Македонија најсилниот земјотрес се случил во Пехчево со магнитуда од 7,4 отсто кој е еден и од најсилните регистрирани во Европа.

Втор регион каде често има појава на земјотреси е Валандово каде по 300 последнователни земјотреси главниот удар бил со јачина од 5,4 степени. И тогаш забележани биле само мали оштетувања по куќите.