Магазин

Земјотресите ги претвораат подземните води во злато

Земјотресите ги претвораат подземните води во злато

Земјотресите можат да ја претворат поземната вода во злато за неколку секунди, откриваат научниците.

Геологот и главен автор на студијата, Дион Вотерлеј, вели дека и најмал земјотрес може да ја претвори водата во злато. Но, количината злато што останува по земјотресот е многу мала, затоа што подземните води содржат само еден дел на милион од тој елемент. Пресметано е  дека луѓето до сега ископале 188.000 тони злато од земјината кора.

Иако голем дел од резервите на злато не се достапни за човекот земјотресите може да придонесат да се формираат нови резерви.

„Земјотресите со мала магнитуда се многу чести во системите со грешки, а процесот може да биде иницирачки за формирање економски депозити на злато“, вели Вотерлеј.

Со овие мали резерви кои се ослободуваат од водата, научниците објаснуваат дека слој по слој низ времето се создава доволно голема количина, но за тоа се потребни илјадници години. Резерви на злато, исто така, се формираат под вулканите под некои околности.

Речиси 10 отсто од резервите на злато во водата се заробени под овие планини.