14.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Земјотресот бил најсилно почувствуван во Дебар

Tелеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево на 11.8.2018 година во 17 часот и 38 минути регистрирaше земјотрес со Рихтерова магнитуда од 5.0 чиј епицентар се наоѓа 115 километи  југозападно од Скопје и се наоѓа во соседна Албанија, соопшти во саботата Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот беше почувствуван и на територијата на Република Македонија и тоа најсилно во Дебар и околината со интензет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Охрид, Струга, Кичево и Гостивар со интензитет од III-IV степени и во Скопје и Тетово со интензитет од III степени според истата скала.

Земјотресот се бил на 10 километри под површината на земјата, со епицентер на 38 километри североисточно од Тирана. Потресот со послаб интензитет е почувствуван и во делови Косово, Србија и Црна Гора.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.