Македонија

Земотрес почувствуван во скопско

Земотрес почувствуван во скопско

Слаб земјотрес чиј епицентар потекнува од скопското епицентрално подрачје е регистриран вечерва во 19.13 часот од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Од досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот во Скопје е со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала–1998.