ТОП,Свет

Жена бомбаш се саморазнесе во Париз (ВИДЕО)

Жена бомбаш се саморазнесе во Париз  (ВИДЕО)

Жена бомбаш се разнела во париското предградие Сант Дени за време на полициската акција што од утрово од 4.00 часот се спроведува во француската престолнина.

Според најновите информации од француските медиуми, убиени се тројца снајперисти, а ранети се тројца полицајци. Како што јавуваат странските медиуми, полицијата успеала да уапси три лица чиј идентитет се уште не е познат.

pariz2

pariz1

pariz3

pariii

paaa

На лице место има многу полиција и возила на Брза помош.

pariz-san-deni

На жителите од тој дел на градот им е препорачано да останат во домовите и да се засолнат од прозорите. Дел од нив се евакуирани.

pariz-gihadisti-1

abdulahuuud

Полицијата се сомнева дека групата се состои од двајца или тројца терористи кои се забарикадарани во еден стан. Меѓу терористите се претпоставува дека е мозокот на нападите од Париз, Абделхамид Абауд, за кого постои уверување дека сеуште е жив.

Како што соопштуваат странските медиуми, најверојатно жената што утрово се саморазнесе е негова сопруга и дека исто така учествувала во седумте синхронизирани напади од петокот.

Салах Абдеслам (26) од Брисел, познат како „џихад" главен град на Европа, сега е предмет на голема меѓународна потера
Салах Абдеслам (26) од Брисел, познат како „џихад” главен град на Европа, сега е предмет на голема меѓународна потера

Се претпоставува дека во станот е и Салах Абдеслам по кого беше распишана меѓународна потерница. Според сведоци, имало интензивни пукотници и дурти седум силни експлозии, најверојатно предизвикани од жената бомаш што се саморазнесе и во целата ситуација нема заложници.

Како утрово изгледа престолнината на Франција, погледнете на следниот линк.