Македонија,Крими хроника

Средовечна жена се обиде да се самоубие

Средовечна жена се обиде да се самоубие
Средовечна жена се обиде да се самоубие
Средовечна жена се обиде да се самоубие денеска околу 11.30 часот скокајќи од Бедински мост над автопатот Куманово-Табановце.
Кумановката во тешка состојба била забележана од случајни минувачи кои повикале полиција и Брза помош.
– Жената се здобила со скршеници на карлица, долен и горен екстремитет, повреди има на главата, градскиот кош, има тешки повреди и мора да се упати на терцијално лекување, изјавил доктор Методија Димковски, хирург во општата болница во Куманово.
Од кумановската полиција го потврдија случајот и информираа дека станува збор за 54 годишна жена со иницијали В.Ј од населбата „Бабин Дол“.