Жена ограбена на дрзок начин, крадецот и’ ја испразнил и картичката

Поденесена е кривична пријава против А.А. (22) поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела: „тешка кражба“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Како што информира МВР, на 10.02.2016 година околу 19.30 часот на ул. „Новопректирана“ пријавениот на особено дрзок начин извршил тешка кражба врз оштетената.

Истиот од зад грб ја турнал и ја одзел чантата во која имало мобилен телефон, 400 денари, паричник со лични документи и дебитна картичка од АД Комерцијална банка на име на нејзината ќерка.

По ова пријавениот ја зел платежната картичка, на која бил залепен пин кодот, и од банкомат успеал да подигне 14.000 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.