Жена почина, а девојче остана без рака во автобуската несреќа кај Велес

Жена почина по добиените повреди во вчерашната тешка сообраќајна несреќа кога на автопатот Велес-Катланово се преврте автобус полн со македонски туристи на враќање од одмор од Грција, а на Клиниката за детската хирургија во Скопје биле принуден да ја ампутираат раката на деветгодишно девојче, додека другите 25 повредени лица се надвор од животна опасност.

Тешката сообраќајна несреќа се случи во неделата околи 19 часот на патот Велес-Скопје. Според досегашните информации, станува збор за автобус кој враќал туристи од Пефкохори од Грција.

Во несреќата беа повредени вкупно 28 лица. На Универзитетската клиника за хируршки болести Св Наум Охридски, се примени шест лица, од кои еден повозрасен маж е на интензивна нега, но е во стабилна состојба. Сите други пациенти се надвор од животна опасност. Во Општа болница Велес се примени четири пациенти и сите се надвор од животна опасност. Во клиничкиот центар Мајка Тереза се донесени вкупно 17 пациенти од кои четири на КАРИЛ- еден пациент со абдоминално крварење, еден со сериозна торакална повреда и двајца со повреди на градниот кош. Во Градската болница “8 Септември” примен е само еден пациент со сериозни повреди, но е во стабилна состојба и надвор од животна опасност.

Сообраќајката се случила вечерва околу 19 часот на автопатот Скопје – Велес, во близина на зимскиот пункт Кула, кога автобусот изгубил контрола и излетал од коловозот.

Поради сообраќајната незгода сообраќајот на автопатот се одвиваше отежнато по една коловозна лента.  Повеќе екипи на Брза помош ги извлекуваа повредените и ги пренесуваа во најблиските болници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.