Жена почина на базен во Белград

Педесет и шестгодишна жена почина денеска во базенот на Кошутњак во Белград, а засега не се знае причината за нејзината смрт.

Екипата на Брза помош која примила повик околу 13 часот се обидела да ја реанимира жената, но обидот бил неуспешен и била констатирана смрт.

Портпаролката на Итната помош, Нада Мацура изјавила дека сеуште се истражува причината за смртта, како и дека лекарите се сомневаат дека причината била срцев удар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.