Жена прегазена од автобус на Бит пазар

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие во средата околу 12,10 часот удрил во пешак на булеварот „Крсте Мисирков“ во близина на Бит пазар. Жената починала на лице место, информираат од полицијата.

Екипа на Итна помош констатирала смрт каја настрданата. Нејзиниот идентитет се уште се утврдува.

Автобусот се движел во насока од Чаир кон Центар.