Жена прободена со нож од сопругот

По кратка семејна расправија дваесет и шестгодишниот Р.Б. со нож и нанел убодна рана во грбот на сопругата С.Б.(23) од Скопје.

Нападот се случил вчера околу 18.20 часот на ул. „Гвадалахара“ во Скопје, во куќа сопственост на С.Х.(65), во која привремено престојувала С.Б. со нејзините три малолетни деца.

Како што информира МВР, Р.Б. дошол во куќата и кога С.Б. успеала да избега во дворот, тој ја соборил на земја и и задал повеќе убодни рани во страничниот дел од телото и во градниот кош.

С.Б. е пренесена во Ургентниот центар Скопје, каде и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на КАРИЛ за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје. Полицијата го лишила од слобода Р.Б. и презема мерки за целосно расчистување на случајот.