Жена пронајдена мртва во Сопиште

Во текот на вчерашниот ден, од страна на Итната медицинкса помош било пријавено дека на патот за селото Соње до општината, лежело непознато женско лице кое не давало знаци на живот.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека се работи за 72-годишната О.Ј. од Сопиште.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата ќе биде предадено за обдукција на Институтот за Судска Медицина.