Крими хроника

Безживотно тело на жена пронајдено во Вардар

Безживотно тело на жена пронајдено во Вардар

Тело на женско лице вчера околу пладне било пронајдено во водите на реката Вардар.

Телото било надено во близина на Скејт паркот во Скопје. Полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот и по увидот утврдено било дека се работи за 79 годишната Драгиња Д. од Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.

Телото на жената го пронашол скопјанец кај кого Драгиња подолго време живеела под кирија. Неофицијално таа неколку пати му рекла дека сака да си го одземе животот.