Се’ уште не се знае идентитетот на жената што се самозапали (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

Ужасна трагедија го потресе денес Скопје кога млада девојка се самозапали во Градскиот парк.

Како што јавува Дневник, на жртвата се уште не може да и се дознае идентитетот.

-Екипите на крим-техниката на МВР не пронашле чанта, некаква документација или проштално писмо со кое евентуално би се олеснило утврдувањето на идентитетот на девојката чие тело беше пронајдено во  јагленосана состојба, објави весникот.

Од првичниот увид, станува збор за девојка на возраст меѓу 20 и 30 години.

Се’ уште не се знае идентитетот на жената што се самозапали
Се’ уште не се знае идентитетот на жената што се самозапали

 

Фото: Република/ Александар Ивановски