Жена се фрли од деветти кат во Велес

Жена скокна од деветти кат на кулата во центарот на Велес. Падот од 30-тина метри височина бил фатален и таа починала веднаш.

Случајот го пријавил еден од соседите кој ја видел жената како паднала од горните катови, објави „Лисица“
Случајот го пријавил еден од соседите кој ја видел жената како паднала од горните катови, објави „Лисица“

Настанот кој ги вознемири жителите од објектот на улица Илинденска бр. 2 се случи денеска околу 10 часот. Го пријавил еден од соседите кој ја видел жената како паднала од горните катови. Со неа на земја паднало и ќебе, пишува порталот „Лисица“.

На лице место дојдошле екипи на крим-техника кои извршиле увид.

Според коментарите на соседите оваа жена била тивка и повлечена и немала несогласувања со нив.