Жена си го одзела животот во Куманово

Четириесет и шестгодишна кумановка вчера извршила самоубиство, пукајќи си со пиштол во пределот на градите, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Во полицијата во вторникот попладенето по 17 часот од Итната медицинска помош пријавиле дека во куќа на улицата „Романија“ во Куманово е пронајдена Т.Ш. со прострелна рана во пределот на градите.

По извршениот увид било констатирано дека во временскиот период од 8,300 до 17 часот, Т.Ш. (46) додека била сама во куќата, со пиштол испукала еден куршум во пределот на градите. Таа била пронајдена од  нејзиниот сопруг.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.