Жена со посебни потреби силувана во Крива Паланка

Жена со посебни потреби без облека со исечена коса, врзана со ланец за нозете и заклучена со катанец била пронајдена во Крива Паланка. Првичните наоди покажале дека жената била брутално силувана.

Триесет и петгодишна жена со посебни потреби живеела сама со семејната куќа.

Според нив овој случај претставува повеќекратна дискриминација на жената каде се искористува нејзината ранливост пред се како жена, штитеник на здравствена институција, без поддршка на блиско семејство и ограничена деловна способност.

Националната мрежа потсетува дека со ратификувањето на Конвенцијата за правата на лица со попреченост, а во чија што  преамбулата стои: Признавајќи дека жените и девојките со попреченост се често под опасност, во и надвор од домот, од насилство, повреда, злоупотреба или небрежен однос, малтретирање и експлоатација, Република Македонија превземала обврска да обезбеди сигурен и достоинствен живот на жените со попреченост, ослободен од насилство.

Како мрежа во која членуваат 27 организации кои повеќе од 20 години работат  посебните форми на насилство врз жената бараме од надлежните институции да превземат мерки да го разрешат случајот и соодветно да го казнат сторителот. Овој случај претставува грубо кршење на човековите права, особено на женските сексуални права и слободи кои само делумно се решени во Кривичниот Законик. Сметаме дека е време Република Македонија да посвети должно внимание на родово базираното насилство и да го криминализираНасилството врз жената и системски да ги адресира овие посебни форми на насилство кои ја таргетираат жената заради нејзината биолошка и социолошка природа. Затоа како Мрежа, Бараме итна ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа на спречување и заштита од насилство врз жени и домашно насилство (Истанбулска Конвенција) која овие специјално насочени видови на насилство кон жените и девојките ги третира низ повеќе одредби, а особено во членот 3 Дефинирање на насилството врз жената (а и г) и Член 36  Сексуално насилство, вклучувајќи и силување. Ратификацијата на овој документ ќе доведе до соодветно регулирање на силувањето и адекватно казнување на ваквите случаи, а воедно ќе понуди и едно системско менување на институционалниот одговор кон сите видови на насилство врз жената и семејно насилство, стои во соопштението на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство по повод овој случај во Крива Паланка.

Со ратификацијата на Истанбулската конвенција, Република Македонија ќе ги исполни и јасните барања упатени од страна на Комитетот за човекови права на ОН кои беа упатени на 2-ри и 3-ти јули 2015 година кога беше разгледуван третиот периодичен извештај поднесен страна на  Република Македонија (CCPR/C/MKD/3) на својата 3170-та и 3171-ва седница (CCPR/C/SR.3170 и 3171). Една од клучните препораки на овој Комитет е јасното барање Македонија да гоелиминира насилството врз жените и децата, и да разгледа признавање на насилството врз жените и децата како посебно кривично дело во Кривичниот законик.