Жена тешко повредена во сообраќајка во Аеродром

Четириесет и тригодишната Н.Ф. од Скопје е тешко повредена во сообраќајна несреќа која во вторникот околу 12,15 часот се случила на булеварот АСНОМ во скопскaта населба Аеродром.

Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувана од 63-годишниот Љ.К. од Скопје, „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувана од 43-годишниот Н.Ф.(43), исто така, од Скопје и паркирано возило „алфа ромео“ со бугарски национални ознаки сопственост на 37-годишниот Л.Г.

Во незгодата жената се здобила со тешки телесни повреди, односно фрактура на ребра. Полициски екипи извршиле увид на местото на сообраќајната несреќа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.