Жена убила друга жена туркајќи ја пред воз на метро во Менхетен

менхетен

Полицајците ја привеле Мелани Ливерпул-тарнер (30) веднаш откако се случила страшната трагедија.

Како што пренесуваат британските медиуми, луѓето кои стоеле на преполната станица вџашено го гледале ладнокрвното убиство.

– Жртвата набрзо беше прогласена за мртва, изјави портпаролката на њујоршката полиција.

На местото на убиството, во центарот на Менхетен, на аголот од Седмата авенија и 42. улица, се појавиле триесетина полицајци.

Таблоидот „Њујорк пост“ наведе дека осомничената е афроамериканка, која носела маица со розова боја и шал, и веднаш објави и нејзината фотографија.

Полицијата се обидува да утврди дели Ливерпул-Тарнер била вмешана во смртта на 27-годишната жена од 19 октомври во метрото на Јунион Сквер станицата. Смртта на оваа жена претходно беше прогласена за самоубиство.