Жена загина во сообраќајка кај Куманово

Седумдесет и петгодишна жителка на кумановското село Арбанашко загина во сообраќајна несреќа што денеска попладне се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, информираше полиција.

Соред информациите, несреќата се случила во 16,10 часот во близина на бензинската пумпа „Роси петрол“ кога возач на автомобил „голф“, 31-годишниот Д.Т. удрил во С.Т. која одела пеш по патот.

Поради тешките повреди здобиени од силниот удар жената починала. Екипа на кумановската полиција направила увид на местото на сообраќајката.