Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова соопшти дека починатата била сопатник во возило „опел тигра“ кое се судрило со џип „грaн чироки“.
Итната медицинска помош од Штип и дала помош на 65-годишната жена на местото на несреќата, но во болница таа подлегнала на повредите.
На повреди се пожалиле и возачот и еден сопатник во џипот кои, исто така, се хоспитализирани во штипската клиничка болница.
Несреќата е случила во 16:40 часот. Во тек е увид од страна на истражните органи и јавен обвинител, кои ја утврдуваат причината за несреќата.