#ЖенаХерој во Капитол Мол

Во месецот на жената и по повод 8ми Март, Капитол Мол одлучи да им посвети внимание на сите припаднички на понежниот пол кои газат низ светот храбро и бестрашно. Посетителките беа изненадени со интересни подароци.

Водејќи се од ентузијазмот и вредностите кои ги носи интернационалниот ден на жената, Капитол Мол во текот на месецот ќе продолжи да ги запознава сите со Жените Херои кои се уникатен и незаменлив дел од центарот. Според нив, секоја жена е херој со своја приказна, без која ничие секојдневие не би било исто. Жените го оживуваат општеството со храброста и динамиката која ја делат во својата работна средина и со своите најблиски.

zena-heroj-2

Во модерно време секоја дама се соочува со неколку важни улоги во животот, тие се мајки, сопруги, професионалци, и тие се херои кои заслужуваат почит за нивната пожртвуваност и издржливост. Во Капитол Мол работат многу жени како Билјана и Стојна, кои ја сакаат својата работа, уживаат во работната околина и даваат сè од себе работите да се движат непречено и без грешки. Тие и оние како нив се Жените Херои на Капитол Мол, кои мотивирано, храбро, љубезно, амбициозно и посветено го исполнуваат општеството со позитивна енергија и мотивација да напредува и да се развива.

zena-heroj-3

Забавниот шопинг и уникатните изненадувања се само дел од вниманието кое Капитол Мол го посветува на своите посетители. Вработените во овој центар нудат разбирање и почит исполнувајќи го сечиј ден со радост и среќа. Во Капитол Мол посетителите се најсигурни знаејќи дека херои се грижат за роденденот на најмалите, за уникатниот стил на заинтересираните и за атмосфера исполнета со незаборавни искуства.

zenaheroj

Подржете ги, и бидете благодарни за сè што жените херои прават за вас.

Цел март #ЖенаХерој на Капитол Мол!