Зошто на жени во климатизирани простории им е поладно од мажи

Зошто на жени во климатизирани простории им е поладно од мажи
Зошто на жени во климатизирани простории им е поладно од мажи

Доколку мажи во работните канцеларии би ја прилагодувале температурата на клима уредите по свои критериуми, нивните колешки  би се „смрзнале“.

Во зградите ширум светот температурата се прилагодува со стандардите кои уште во 1960 година ги одреди Здружението на американски инженери за греење, ладење и климатизација. Моделот е базиран на фактори како надворешна темепартура на воздухот, релативна влажност, неговото струење, количината облека која на себе ја има работникот и брзината со која се загрева нашиот метаболизам.

Но, проблемот е во тоа што моделот е застарен, а една варијабла би можела да се нарече сексистичка. Имено, при пресметување на оптималната температура во канцеларијата пред 40 години се земаше предвид податокот за просечната животна доба на 40-годишени мажи, со тежина од 70 килограми.

Жените денес сочинуваат половина од вработените во канцелариите, нивните тела произведуваат помалку топлина од телата на мажи и метаболизмот им е повеќе поуспорен, затоа што се поситни од мажите заради што имаат помали мускули, а повеќе масно ткива. Познато е дека мускулите произведуваат повеќе топлина од масното ткиво.

Предвид треба да се земе и физиологијата на жените и нивниот избор на облека. Мажите најчесто се во костуми.

Начелно, тоа е многу добар стандард темелен на термодинамиката – баланс меѓу телесната температура  и температурната во просторијата, рече за Business Insider холандскиот билогот, Борис Кингма, од Универзитетот на медицинскиот центар во Мастрихт, кој воедно е ко-автор на истражувањата.

Кингма вели дека истражувањата покажуваат дека на жени во климатизирани простории им е поладно отколку на мажи.

Жените сакаат повеќе потопли простории
Жените сакаат повеќе потопли простории

Новите студии упатуваат на тоа дека жените повеќе сакаат да претстојуваат во потопли простории – околу 25 Целзиусови степени, а мажите во нешто поладни – околу 22 Целзиусови степени.

Студијата дава и решение: да се промени, односно да се зголеми температурата на климата на апаратот на вредност која одговара на работниците, од што на крајот ќе има двојно повеќе добивка. Меѓу другото, и за компанијата, затоа што ќе се заштедат финансиски средства.

 

Поврзани вести:

Неисчистениот клима-уред е вистински „расадник“ за инфекции. Без клима-уред последниве неколку години, просто неможеме да ги замислиме летните месеци. Затоа многумина од нас ги поседуваат, но често забораваат дека нередовното чистење не предизвикува само лош квлаитет на воздухот и непријатна миризба во домот, туку придонесуваат за размножување на бактерии, мувла и габички…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.