Жените се самоубиваат за да избегаат од ИСИС

Жените се самоубиваат за да избегаат од ИСИС

Амена Саед Хасан, поранешен законодавец во Ирак, сега има мисија да спаси колку што е можно повеќе Јазидки.

Секој ден Амена добива повици од очајни жени кои посегнуваат по својот живот поради тоа што не можат да избегаат од канџите на војниците од Исис.

Хасан, заедно со нејзиниот сопруг, Каил, менаџира мрежа за да спаси илјадници жени и деца: таа прима повици, а Каил патува до Ирак и ги носи на безбедно место. До сега, овој пар спасил повеќе од стотина луѓе.

Како и да е, некои жени немаат толкава среќа – набрзо после силувањето, си ги земаат животите бидејќи не можат да чекаат помош.

Исламските војници заробија илјадници жени и деца, а ги убија мажите. Тие тврдат дека Куранот ги оправдува нивните постапки и го правдува силувањето. Повеќе за ова на следниов линк