Зенит ја намали цената на Витсел – Белгиецот преминува во Милан ?!

Сагата околу трансферот на Витсел во Милан сеуште трае!

На почетокот од летниот трансфер период, Витсел ги договори личните услови со “росонерите но проблем преставуваше високата сума која Зенит ја побаруваше за белгискиот интернационалец, а која се движеше околу 35 милиони евра.

Сепак, ситуацијата се промени, односно управата на рускиот тим се согласила на условите кои ги нуди Милан, односно Витсел да биде откупен за 25 милиони евра, а како олеснителна околност за италијанскиот тим е и можноста трансферот на парите да биде на рати.

Остануваат уште неколку дена до крајот на овој трансфер рок, доволно за Милан да донесе уште едно звучно име во своите редови.