Зенит ќе нападне, Борусија Д. ќе се брани

Идентична обврска, трумф со три или повеќе гола разлика, но на гостувањето во Германија, имаат фудбалерите на рускиот прволигаш Зенит.

Вицешампионот на Германија и на Европа, бундеслигашот Борусија од Дортмунд реваш 1/8 финалниот дуел против тимот на Зенит го стартува со предност од два гола разлика, но предводникот на популарните „милионери”, Јирген Клоп, ги потцети своите фудбалери дека ништо не е готово, дека предноста не е гаранција за сигурен пласман во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони.

„Точно дека ја исполнивме првата зацртана цел, ја поминавме групната фаза. Се понатаму е бонус, но имаме одлична шанса да направиме уште еден чекор напред. Мислам дека сега сме поискусни, знаеме како треба во елиминациската рунда. Нема да го нападнеме противникот, но нема да се браниме. Знан дека Зенит ќе има голема подршка и во Германија, но се е во нашите раце и нозе. Имаме убава предност, но истата не ни гарантира сигурен настап во следната рунда од Лигата на шампиони”, изјави Клоп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.