„Зенит“ славеше со 8:1 и надокнади 4:0 по поразот од „Динамо“ во Минск

Фудбалерите на „Зенит“ остварија неверојатен подвиг откако го елиминираа „Динамо“ Минск и покрај поразот од 4:0 на првиот меч во Белорусија. Рускиот гигант вечерва во Санкт Петербург славеше со 8:1 по продолженијата и со играч помалку, откако регуларниот дел заврши со идентичен резултат како во Минск.

„Зенит“ направи пресврт за паметење, иако резултатот од полувремето 1:0 не ветуваше многу, особено што непосредно по вториот гол во 66 минута домаќините останаа со играч помалку бидејќи Паредес заработи втор жолт картон. Сепак, Русите се изборија за продолженија откако херојот на „зборнаја“ од Мундијалот, Артем Дзјуба за три минути постигна два гола.

Не се предаде ниту „Динамо“, кој, пак, прв постигна гол во 99 минута и во второто продолжение влезе со резултат кој ги водеше во плеј-офот за Лига Европа. Но ниту тоа не ги ги скрши фудбалерите на „Зенит“ кои за 14 минути постигнаа четири погодоци. Најпрво Дриуси погоди во 109. минута, пота следуваше нов гол на Дзјуба, за Мак да реализра два пати во 122. и 123. минута за убедливи 8:1.

Така „Зенит“ е петтиот клуб во историјата на европските купови кои успеал да пројде во наредната фаза откако првиот меч го изгубил со четири гола разлика.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.