Жените фантазираат за секс со непознат како и за груб секс

Со оглед на тоа што научниците нагласуваат дека сексуалните фантазии се здрави и можат позитивно да влијаат на сексуалниот живот, експертите се потрудија да дознаат за што најчесто жените фантазираат.

Резултатите од истражувањето на Универзитетот Мичиген за најчестите сексуални фантазии кај жените се објавени во списанието „Journal of Sexual Medicine“.

Во денешно време сè повеќе се зборува за тоа дека фантазирањето делува позитивно за поттикнување на сексуалните желби, а најновото истражување потврди дека тоа има посилно влијание отколку што претходно се веруваше.

Кога е во прашање фантазирањето, жените се изјаснија кои сценарија најмногу ги палат.

На првото место се наведува сексот со непознат, а на второ е фантазијата да бидат обожувани во кревет, се наведува на страната jezebel.com.

Жените фантазираат и за груб секс, токму таа фантазија е на трето место, а потоа следува фантазијата за секс додека некој ги гледа, а на петтото место е сексот во тројка.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.