Жените ќе ја загубат способноста да раѓаат по природен пат?

Водечкиот француски гинеколог Мишел Оден тврди дека на жените им се заканува опасност да ја загубат способноста да раѓаат по природен пат.

84-годишниот лекар нагласува дека раѓањето станало премногу условено од лекови, до таа мера што жените наскоро без нив нема да можат да се породат.

Во својата книга „Дали ни се потребни бабици?“ Оден наведува дека породувањето денеска во просек трае два и пол часа подолго, отколку пред 50 години, како и дека се поголем број жени се породуваат со помош на лекови и хирургија.

– За мене тоа е знак дека жените ја губат способноста за раѓање, изјави тој и додава дека се’ помалку жени се породуваат по природен пат, а се повеќе со царски рез.

Оден особено го критикуваше користењето на синтетички окситоцин, кој според него, ја намалува способноста на жената природно да го произведе тој хормон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.