вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 62

Жените ќе ја загубат способноста да раѓаат по природен пат?

Според лекарот Мишел Оденна раѓањето станало премногу условено од лекови, до таа мера што жените наскоро без нив нема да можат да се породат.

bremenost

Поврзани вести

Водечкиот француски гинеколог Мишел Оден тврди дека на жените им се заканува опасност да ја загубат способноста да раѓаат по природен пат.

Според британскиот весник „Телеграф“ 84-годишниот лекар нагласува дека раѓањето станало премногу условено од лекови, до таа мера што жените наскоро без нив нема да можат да се породат.

Во својата книга „Дали ни се потребни бабици?“ Оден наведува дека породувањето денеска во просек трае два и пол часа подолго, отколку пред 50 години, како и дека се поголем број жени се породуваат со помош на лекови и хирургија.

– За мене тоа е знак дека жените ја губат способноста за раѓање, изјави тој и додаде дека се помалку жени се породуваат по природен пат, а се повеќе со царски рез.

Оден особено го критикуваше користењето на синтетички окситоцин, кој според него, ја намалува способноста на жената природно да го произведе тој хормон.

Најчитани вести