Жените над 40 се подобри од младите, еве ги причините!

Еден корисник на Фејсбук на својата страница објавил факти поради кои секој маж треба да се стреми кон живот со жените над 40 години, наместо да ги одбираат младите девојки.

Еве што тој напишал во неговиот пост:

Еден повозрасен, искусен маж рекол: „Колку сум постар, се повеќе ги почитувам жените над 40 години. Еве неколку причини“:

1.Жените над 40 години никогаш нема да се пробудат среде ноќ за да ве прашаат „За што размислувате“…Едноставно тоа не ги интересира.

2.Кога жената над 40 не сака да гледа натпревар, таа не седи покрај Вас кукајќи. Таа ќе се занимава со нешто друго, нешто за што е расположена. Најчесто тоа е нешто поинтересно од натпреварот.

3.Жените над 40 години доволно се познаваат себеси. Знаат кои се, што се, што сакаат и од кого. Само мал број жени над 40 години ги интересира што мислите за нив.

4.Жените над 40 години зрачат со гордост. Тие ретко ќе направат сцена среде некоја претстава или во некој ресторан, а со текот на годините жената станува и „видовита“.

5.На жените над 40 години не морате да им кажувате што сте сториле – тие веќе знаат.

6.Жените над 40 изгледаат сјајно кога ќе нанесат силно црвен кармин, што не може да се каже за повеќето млади жени и девојки. Штом мажот ги доби првите брчки, за него жената над 40 години е далеку посексипилна од младите.

7.Жените над 40 години се поискусни и поотворени. Тие ти кажуваат во лице кога се однесуваш како идиот.

beach-love-couple-hd-wallpapers-widescreen-desktop-beach-love-cool-images

Да, постојат голем број причини зошто ги почитувам жените над 40 години. За жал, наспроти секоја сјајна, интелигентна, врела жена над 40 години, доаѓа еден „остаток од нешто“ – со дебел стомак во жолти шорцеви кој поради дваесетгодишна девојка прави мајмун од себе, стои во постот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.