Жените одговараат: Колку долго трае совршениот секс?

Вечно прашање, а никогаш искрен одговор – Колку долго трае вашиот секс? Поголемиот дел од луѓето не сфаќаат дека не е важно колку долго трае сексот доколку за еден од партнерите, најчесто жените, не е квалитетен. А најважно е сексот да биде редовен.

Приказните за тантра секс и маратонската предигра за поголемиот дел од луѓето се „ловечки приказни“.

Само осум отсто од двојките во предиграта уживаат подолго од 20 минути, а за 22 отсто од нив сексот трае подолго од 20 минути, покажува истражувањето ан германскиот весник „Гламур“ спроведено врз повеќе од 1.000 жени.

Околу 33 отсто од вљубените двојки на предигра трошат од пет до девет минути, додека просечното траење на сексот е од 10 до 14 минути.

Краткиот вовед во сексот, односно предиграта која трае помалку од пет минути е вообичаена за 23 отсто од двојките, а за 8 отсто од нив и самиот чин на сексот трае толку.

Според податоците на анкетата на американскиот Национален центар за социјални истражувања, брачните двојки во просек водат љубов 66 пати годишно.

Сепак, податоците за краткиот секс немора да бидат обесхрабрувачки, затоа што многу е поважен податокот колку е чест – а долгогодишните двојки што имаат секс барем еднаш неделно на тој начин ја одржуваат физичката и психичка блискост, поради тоа што се посреќни.