Жените родени во овој хороскопски знак се идеални сопруги

Ви откриваме кои три знаци најдобро пливаат во брачните води:

Рак

Чувствителноста е карактеристика за овој знак, а токму тоа ги прави жените родени во овојзнак добри сопруги. Способноста вистински да сакаат ја прави жената Рак подготвена да направи се’ за својот партнер. Таа ќе се труди сите околу неа да се чувствуваат добро, а покрај тоа, таа е одлчна домаќинка и мајка. Подготвена е многу лесно да се откаже од своите планови, за целосно да му се посвети на семејството. И поради тоа никогаш не се кае. Сепак, жените Ракови се склони кон драматизирање и преувеличување на работите. Но, ако ја прифатите таква каква што е, вашиот брак ќе биде успешен. Тоа што таа го очекува од вас е искреност, почитување и поддршка.

Лав

Иако, не делува на прв поглед, но Лавиците умеат да сакаат, само тешко го покажуваат тоа. Во состојба се од размазено девојче во момент да се претворат во ледена кралица, што може да биде голем проблем во љубовнта врска. Сепак, кога ќе застане на лудиот камеn, омекнува и конечно го спушта гардот. Кога ќе добие дете, нејзината фасада тотално паѓа и кога се децата во прашање, многу е пожртвувана. Љубоморно го чува своето семејство, а од партнерот очекува поддршка и нежност. Нејзиниот најголем проблем е суетата. Во однос на тоа каков пријател е, Лавицата во семејниот живот е мед и млеко, а бракот со неа може да биде идеален.

Јарец

Јарците се познати како ладни, тешко достапни и бесчувствителни. Сепак, ова е далеку од вистината, особено што се однесува до женските припаднички на овој знак.

Под маската и големите бедеми кои ги подигаат, се крие многу емотивна душа. Ако успеете да допрете до срцето на жената Јарец, многу веројатно е да ви стане сопруга. На работа, овие жени се одговорни, посветени, а исто такви се и во бракот. Може да се претставуваат како жени со модерни сфќања, но всушност се многу традиционални и семејството им е најважно. Љубовта со оваа жена можеби не е огномет, но е оган кој ќе гори долго  и чиј пламен може да го изгаси само многу сериозна работа, преку која жената Јарец не може да помине, а тоае измамата. Ако нејзиниот партнер влезе во афера во која чувствува повеќе од физичка привлечност, таа ќе го напушти

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.