Жените се поагресивни во зима?

Најновото американско истражување открива дека снежната сезона негативно влијае врз припадниците на понежниот пол.

Истражувачите од Универзитетот во Индијана наведуваат дека зимата кај жените предизвикува неочекувана промена на расположението и извесна доза на агресивност.

Причина за ова е хормоналниот механизам кој кај секоја жена се активира под дејство на тмурните зимски денови.

Имено, студијата не е спроведена врз жените, туку врз женки хрчаци.

Кај животните, кои се држени во темница, забележан е раст на мелатонин, хормон за сон, кој влијае на работат на надбубрежните жлезди, поради што доаѓа до ослободување на сексуален стероид кој е познат по предизвикувањето агресивност.

Авторката на студијата, Ники Рендон наведува дека истражувањето им помогнало на научниците „подобро да ги сфатат хормоните на полето на кое моментално доминира расправата за тестостерон како регулатор на агресивноста кај мажите“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.