Жените во германските бегалски кампови се присилуваат на проституција

Издадени 320.700 потврди на странски државјани

Жените кои стигнале со мигрантскиот бран во Германија се присилени на проституција за 10 евра во бегалските кампови во таа земја, пренесе британски Daily Mail. Во последната недела е забележан и пораст на насилството.

Сексуалните напади се секојдневна појава, додека во еден германски ландер забележани се 100 случаи на такво насилство во последните три месеци.

Во миграција центар во градот Кицинген локалните власти одлучија да назначуваат само мажи како чистачи, откако жените-чистачки во последните десет дена биле секој ден напаѓани.

Двајца мигранти на возраст од 38 и 52 години се уапсени поради напади врз жени во периодот од 1 до 10 октомври. Од следната недела оваа работа ќе се врши само од мажи, а до тогаш чистачките  ќе работат под постојана стража, соопшти локалното радио “Бајеришер рундфунк”.

Во областа Баер-Виртемберг неодамна беа регистрирани шест силувања во бегалските кампови. Локална организација за човекови права соопшти дека таму жените се принудувани од криминалците да се проституираат за десет евра. Во исто време експлодирала суров тепачка меѓу мигранти од Албанија и Авганистан. Некои од нив биле вооружени со ножеви, а еден од нив имал и пиштол. Полицијата интервенирала и ги привела сите учесници во тепањето.