Женска трка во Скопје на 10. април

Четвртата Женска трка, која е дел од промотивните трки на Виз Ер Скопскиот Маратон 2016 ќе се одржи на 10.април во Скопје.

Неверојатно брзото секојдневие и модерниот начин на живот приденесуваат жените да имаат многу повеќе обврски, а се помалку време за себе, време за вежбање и за водење на здрав живот со што го зголемуваат ризикот од разни заболувања. Токму поради тоа обемните научни истражувања го потенцираат фактот дека вежбањето, одржувањето на кондицијата и водењето на здрав начин на живот се од огромно значење за модерните жени.

zenska-trka13-640x426

Низ годините, Женската трка која што е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, се здобива со голема популарност и бројот на жени кои учествуваат во трката од година во година се зголемува. За поздравување е веста дека оваа година трката е влезена во календарот на Европксата Атлетска Федерација. За 10-ти април се очекува бројка од 1000 жени да земат учество и да се појават во 10:00 часот во Градски парк во Скопје кај Школка.

Пријавувањето се одвива на zenskatrka.skopskimaraton.com.mk, а котизацијата до 21-ви март е 100 денари, за потоа до 6-ти април биде 150 денари. За пријави до 29-ти март секоја учесничка ќе добие стартен број со своето име.

На 10-ти април во 10:00 часот е планирано групно загревање со аеробик, а од 10:30 започнува трката. Ќе се трчаат 2.000 метри, т.е. еден круг во парк. Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три по возрасни категории.Секоја учесничка на Женска трка со стартен број учествува во лотарија која ќе се одржи по завршувањето на трката со која ќе се доделат награди од спонзорите.

Подигнување на стартни броеви: 08.04. (петок) од 11-19 часот и 09.04 (сабота) од 11-16 часот во Скопје Сити Мол.