Женски леш e пронајден во Вардар

Женски леш e пронајден во Вардар

Женски леш е пронајден во Вардар. Лешот бил пронајден вчера попладне бил пронајден на брегот на реката Вардар во гостиварското село Чегране.

По пријава на случајот, противпожарната екипа од Гостивар го извадила телото од водите, а полицијата извршила увид.

Од страна на семејството на почината извршено е препознавање, при што е констатирано дека се работи за Марија Ј.(71) од Гостивар, информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе се врши обдукција.

 

На пругата Скопје-Гевгелија кај Демир Капија, на 200 метри пред железничката станица Миравци, во каналот покрај патот бил пронајден непознат леш.