Женски труп изваден од Вардар во Скопје

Женски труп на возраст меѓу 40 и 45 години вчера попладне е извлечен од водите на Вардар во близина на скопската населба Ќерамидница.

24 годишно момче пријавило дека по течението на реката Вардар покрај левиот кеј забележал женски леш на возраст од околу 40-45 години, по што влегол во реката и го извадил. Од доктор од екипа на Брза Помош констатирана е смрт. На телото на починатата не се забележани траги на насилство. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од скопската полиција, а по наредба на Обвинителството телото е предадено на обдукција.