Магазин

Жерар Депардје во улога на Сталин

Жерар Депардје во улога на Сталин

Францускиот актер Жерар Депардје ќе ја толкува улогата на некогашниот советски лидер Јосиф Сталин во екранизацијата на романот „Сталиновиот кревет“.

Портпарплот на Депардје соопшти дека филмот, кој ќе биде француско-португалска копродикуција, ќе го режира актерката и режисерка Фани Ардан.

Романот „Сталиновиот кревет“, објавен во 2013 година, говори за еден млад уметник, кој добива задача да му изработи споменик на Сталин.

Депардје, кому лично рускиот претседател Владимир Путин му додели државјанство на Русија, е еден од најуспешните француски глумци, познат по голем број улоги, меѓу кои и оние на Сирано де Бержерак, Обеликс, Жан де Флорет…