„Зери“: Хашим Тачи е подготвен да се откаже од премиерската функција

Приштинскиот весник „Зери“ пишува дека косивскиот премиер Хашим Тачи е подготвен да се откаже од премиерската функција, очекувајќи за две години ќе му биде понудено претседателско место, додека истовремено неговата партија ќе остане на власт на централно ниво.

Весникот наведува дека одлучноста на опозицискиот блок да не коалицира со неговата Демократска партија на Косово (ПДК) го натерала Тачи да преговара за премиерската функција.

Лидерот на ПДК по победата на парламентарните избори на 8 јуни беше уверен дека третпат ќе формира влада, но недоволниот број на партеници го натера на опозициските партии да им ја понуди премиерската функција, со цел неговата партија да остане уште еден мандат во Владата и со тоа да го избегне заминувањето во опозиција, наведува весникот.

Потпретседателот на ПДК, Хајредин Кучи за весникот „Зери“ сепак изјави дека не знае дали ќе може да се преговара за премиерската функција.