„Зери“: Русија може да подготви закон за суд за злосторствата на ОВК

Доколку косовската Влада и Парламентот не постигнат договор за предлог-закон за формирање Специјален суд за злосторства извршени од Ослободителната војска на Косово (ОВК), тогаш тоа ќе го направи Русија, пишува приштинскиот весник „Зери“, пренесува МИА.

Весникот предупредува дека формирањето на овој суд во Советот за безбедност на ОН е опасно за Косово, бидејќи ќе ја озакони Резолуцијата 1244.

Повикувајќи се на медиумите во регионот, „Зери“ наведува дека Русија веќе му предала на Советот за безбедност на ОН предлог-закон за формирање Специјален суд. Некои косовски пратеници веќе имале увид во документот за време на една нивна посета на Њујорк.

Како што се тврди, со рускиот предлог-закон се предвидува дејствувањето на Специјалниот суд да не биде ограничено, односно прекинот на неговата работа да може да се утврди само со резолуција на Советот за бебзедност на ОН. Во Советот Русија има право на вето.