Жерновски да каже кои деца биле киднапирани и да престане со срамната манипулација

Жерновски да каже кои деца биле киднапирани и да престане со срамната манипулација
Жерновски да каже кои деца биле киднапирани и да престане со срамната манипулација

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар отворено го повика градоначалникот на општината, Андреј Жерновски и насилната групација околу него да кажат кои деца биле киднапирани или кои родители пријавиле дека имало обид за киднапирање на нивните деца.

Советниците прашуваат: Зарем постои родител кој не би пријавил во полиција обид за киднапирање на сопственото дете?

Во полициската станица Центар не постои пријава за киднапирани деца.

-За жал постои обид за срамна манипулација од страна на Жерновски и насилната група околу него да изрежираат и вакво монструозно сценарио. Да си играат со чувствата на родителите и да манипулираат на грбот на учениците. Андреј Жерновски уште еднаш покажа  до каде е подготвен да оди и заради тоа треба да си оди од функцијата доколку од полиција биде потврдено дека измислил наводно киднапирање на ученици. Ќе бараме одговорност од него и сите негови соработници, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Советниците подвлекуваат дека најстрого реагираат на случувањата во ООУ „11 Окотмври“ кои се конструкција на локалната власт и бараат најургентно да престанат сите инволвирања на политиката во образованието.

Истакнуваат дека образованиот процес е целосно нарушен и доведен во прашање, бидејќи политичките локални елити вршат притисоци и диригираат случувања кои се недолични. Поради сите случувања кои се инструментирани од нивна страна заложици на политичките игри се и децата кои се ученици во ова училиште, родителите а секако и наставниот кадар.

-Уште еден доказ дека Жерновски и неговата група стојат зад циркусот кој се приредува во училиштето е денешната порака која се испраќа од општинската организација на СДСМ со која се повикуваат жителите на Општина Центар да присуствуваат на протестите најавени за денес. Во општествениот систем постојат институции кои се надлежни врз основа на законот и ги повикуваме совесно, чесно и одговорно да си ја вршат својата работа и да ги превземаат сите мерки за да се запре овој циркус кој го режира Жерновски. Воедно апелираме на трпение на сите родители и повикуваме да не подлегнуваат на притисоци и вовлекувања во насилни сценарија на какви што бевме сведоци. Да помогнат да се воспостави рамнотежа и обнова на нормална работа во училиштето, истакнаа тие.

unnamed

Советниците му порачуваат на Андреј Жерновски наместо да предизвикува штета на учениците, да почне да се занимава со реализација на проектите што ги вети, а досега не ги ни почна:

-Изградба на ново основно училиште во Капиштец

-Целосно уредување на сите училишни дворови и нивно целосно осветлување

-Бесплатна чаша млеко или парче овошје за секој ученик

-Субвенционирани спортски курсеви во повеќе спортови

-Обновување и оживување на секциите во основните училишта со вклучување на дополнителен наставен кадар.

-Г-дине Жерновски, засукајте си ги ракавите и почнете конечно да ги реализирате проектите за подобрувањето во образованието во општина Центар и оставете ги институциите да си ја вршат својата работа за кои се задолжени, а учениците и  наставниците во ООУ „11 Октомври“ да си го реализираат воспитно образовниот процес без вашите политички манипулации, порачуваат тие.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.