Жерновски и Пенов добиле од бзнисмен 200.000 евра за настап на локалните избори?

Претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ продолжува да открива информации за владеењето на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. Се’ посериозно е зборува дека Жерновски нема да биде пуштен како кандидат за градоначалник на Центар, туку СДСМ на овој терен ќе оди со кандидат од својата партија, најсериозно име кое се споменува е Саша Богдановиќ, директор на паркинзите во општината и претседател на локалниот огранок на партијата.

Сепак, Шиповиќ кој минативе денови објави информации за нерационалното трошење на пари од страна на Жерновски, кој прошетките низ Европа си ги плаќал од парите на центарци. Претседателот на советот сега вели дека е можно Жерновски заедно со поранешниот градоначалник на Скопје и негов сопартиец Ристо Пенов да одат самостојно на изборите.

-Се зборува низ градов дека Ристо Пенов и Андреј Жерновски добиле од газда на градежна фирма 200.000 евра за самостоен настап на локалните избори, је*емга дали е вистина? Кој би знаел? Можеби ќе ни помогне фатот дека пред скоро време Општина Центар платила на градежната фирма 2.000.000 евра и тоа не можам да проверам, може да, може не, пиша на Фејсбук Шиповиќ.

Инаку Шиповиќ минативе денови почна целосно да го разоткрива расипничкото однесување на градоначалникот Жерновски. Градоначалникот на Центар, во текот на неговото четиригодишно владеење со општината со пари на центарци си шетал низ Европа и посетувал фудбалски натпревари, пишува порталот Денешен.

Тој кажа дека градоначаникот лаже дека бил на приватно патување, а излегоа сметки дека тоа го платила општината.

Градоначалникот ЛАЖЕ, на прашање на советник ИЗЛАЖА дека бил приватно во Франција а излегоа сметки за пат и престој кои ги платила Општината, лаже и дека со мене нема односи од моментот кога ме намести, Тој почна од првиот ден апсолутистички ( Груевистички ) да се понаша во Општината и од првиот момент немаме добри односи. Наместо да соработува со советниците за доброто на граѓаните тој соработува со луѓе вон Општината за свое добро, пишана Фејсбук Шиповиќ.

Шиповиќ и претходно на Фејсбук на Фејсбук откри дека Жерновски си плаќал службени патувања, за кои не побарал дозвола и не поднел извештај за целите на службеното патување, обвини Шиповиќ

-Забележливо е дека градоначалникот Андреј Жерновски си се шетал по Париз на сметка на Општината, а притоа од никого не побарал дозвола за тоа, ниту пак поднел извештај за службеното патување, пишува Шиповиќ. Секој што службено патува знае дека за да се изведе службено патување треба одлука Управен одбор(во нашиот случај Совет на општината) и потоа на истиот орган му се поднесува извештај за остварените цели и задачи на службеното патување.

На крај во статусот Шиповиќ прашува: „А лани нели имаше некој фудбал во Франција?“.

Инаку токму за годината за која Шиповиќ ги откри информациите дека градоначалникот Жерновски си шетал на сметка на граѓаните на Центар низ Париз се одржуваше Европското првенство во Франција, каде дел од натпреварите се играа на стадионите во овој град, Сент Дени и Паркот на принцовите, кој е дом на најбогатиот тим во Франција ПСЖ.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.