Жерновски продолжува да тера политика на сметка на дечињата

Општина Центар продолжува да тера политика во образованието и тоа на сметка на дечињата. По скандалозното разрешување на директорката на основното училиште „11-ти октомври“, вработените прогласија штрајк и дечињата само ги згрижуваат, а наставата е во прекин.

Хаосот во основното училиште настана откако градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски незаконски ја разреши директорката и за в.д. директор го назначи Васко Лазаревски, а актуелната директорка, Даниела Костадинова остана на работа.

Поради обидот за партизација, дури и во образованието, ова основно училиште сега има два директори- Костадинова како официјален директор и Лазаревски по желба на Жерновски и неговите советници од СДСМ.

Доста беше, превземаме чекор напред и да размисли оној кој ги носи овие одлуки дека ние трпиме, дека ние немаме плата, дека ние имаме двајца директори и трпиме мобинг со недели. Ако општината не е способна да управува со училиштето, нека не’ превземе некој кој се разбира како треба да се работи во едно училиште и да престане овој циркус, вели една вработена за Нетпрес.

Очигледно градоначалникот нема компетентни служби околу него да му пласираат вистински информации и да се смири ситуацијата. Овој терор трае уште од лани кога имаше смена на неколку ВД директори од страна на општината и тогаш немавме земено плата цели 2 месеци, сега повторно има назначувања, разрешувања на кои им нема крај, а немаме ни набавка на основни средства за да си ја вршиме нашата тековна работа, револтирано изјавува вработената.

Поради ваквата одлука трпи целото училиште- наставниците не земаат плата, децата не добиваат исхрана бидејќи сè уште не е решен спорот со операторите што се јавиле на огласот за исхрана. Вработените, според нивните тврдења, два месеци немаат земено плата!

Наставници: Жерновски создаде проблем, сега нека го реши!

Јасмина Апостолова…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.